Комерцијална банка поддржувач на Јубилејниот концерт на „Скопски солисти”

Комерцијална банка со задоволство го поддржува Јубилејниот концерт на Камерниот оркестар „Скопски солисти”, со кој ќе се одбележи 25 години од неговото постоење.

02.04.2025

Комерцијална банка со задоволство го поддржува Јубилејниот концерт на Камерниот оркестар „Скопски солисти”, со кој ќе се одбележи 25 години од неговото постоење.

Љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во солистичкиот настап на баритон Борис Трајанов, под диригентската палка на маестро Виктор Митревски, а ќе бидат изведени дела од Вивалди, Елгар, Верди, Херберт и Барток.

Комерцијална банка останува верен поддржувач на културни настани кои нудат уникатни музички искуства за публиката.

Се гледаме на 8 април во Македонската филхармонија бидејќи и музиката е поубава кога сме заедно.

 

[]