Новата Интернет банка преку едноставни и современи решенија им нуди на компаниите корисни алатки за едноставно управување со деловните финансии.
Како изгледа таа поддршка на дело, раскажува Кристијан Угриновски, Управител на Gyro House, кој го сподели своето искуство како наш долгогодишен и задоволен клиент.
Современите финансиски решенија на Комерцијална банка се основа за одржлив раст на малите и средните претпријатија.
За компаниите што секој ден работат со готовински приливи, ваквите напредни решенија не се само олеснување, туку и стратегиска предност – особено во динамично и конкурентно деловно опкружување.
Дигиталното банкарство во денешно време значи ефикасност, економичност, достапност и напредок на твојот бизнис без разлика дали тоа е мал стартап или голема компанија.
Отворањето бизнис сметка во банка ти носи поголема финансиска сигурност, подобра организација на приходите и трошоците, како и олеснето управување со даночните обврски.