Интернет банката на Комерцијална банка ви овозможува користење голем број банкарски услуги секогаш кога ви се потребни – на кое било место, во кое било време, 24 часа на ден, целосно независно од работното време на Банката.

Со Интернет банката веќе нема потреба од посета на шалтери.

Зошто
Интернет банка?

  • Постојана достапност на банкарските услуги
  • До 60% пониски надоместоци за електронски платежни трансакции во денари
  • Едноставна за користење
  • Максимална безбедност и заштита

Интернет банката на Комерцијална банка овозможува:

Увид во состојбата и дневните промени на

  • платежни сметки во денари и девизи;
  • деловните Mastercard® и Visa картички;
  • орочени депозити.

Плаќања и преноси на средства од ваши сметки:

  • од ваша денарска платежна сметка кон други платежни сметки преку платните системи во земјата (внесување, потпишување и испраќање на реализација на електронски платежни трансакции),
  • електронска платежна трансакција од средствата евидентирани на ваша платежна сметка во девизи (внесување, потпишување и испраќање на реализација до Банката),
  • купопродажба на девизи,
  • плаќање преку сервисот Ki-Pay,
  • налог за исплата на готовина ПП40 кој може да го потпишете и да го определите лицето кое ќе ја подигне готовината на шалтер,
  • за подобрување на вашата контрола на процесот на платежни трансакции во девизи сега достапни преку Интернет банка се обрасците 1450, 743, 746 како и SWIFT пораката по извршено плаќање во странство,
  • едноставен и брз пренос на девизни средства на вашата деловна картичка,
  • за олеснување на оперативно функционирање од доменот на платежните трансакции со странство, може да потпишете налог ПП53 без ограничување на износот, за потписници кои имаат поставено лимити во потпишувањето.

Останато:

  • администрирање дневни и периодични лимити на деловни картички за правни лица,
  • можност за доделување привилегии за креирање, потпишување и реализација на платен налог по тип на платен налог
  • преглед на плаќање на правни лица прифаќачи на картички по основ на платежни трансакции со картички.

Водич за Интернет банка за правни лица

Повеќе

Ви треба помош?

Информации за користењето на услугата Интернет банка за правни лица, за пополнување на формуларите и барањата, како и за закажување термин за реиздавање дигитални сертификати, може да добиете на следните телефонски броеви:

или на следнава е-маил адреса: firmitokeni@kb.mk

За помош, технички проблеми, прашања и поддршка, можете да се обратите:

  • во контакт–центарот на (02) 3296 800 (изберете 2), од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот, сабота од 08:00 до 13:00 часот или
  • на адресата на е-пошта: support@kb.mk

За проверка, потврдување, сторнирање и други активности поврзани со платни налози  за платежни трансакции во денари, можете да се обратите на:

За оперативна поддршка од доменот на платежните трансакции со странство, можете да се обратите на:

Надоместоци

Надомест за користење на услугата Интернет банка за правни лица
Вклучување кон системот за електронско банкарство Без надомест
Надомест за дигитален сертификат
прво издавање дигитален сертификат 1.800 денари
реиздавање дигитален сертификат секоја трета година 500 денари
деблокирање дигитален сертификат 500 денари
Бесплатен токен за остварен безготовински долговен промет над 10.000.000 денари просечно месечно во последните шест месеци, и тоа за:
- од 10.000.000 до 15.000.000 денари 1 бесплатен токен
- од 15.000.000 до 100.000.000 денари 2 бесплатни токена
- над 100.000.000 денари 3 бесплатни токена
Надоместоци за кредитни трансфери преку Интернет банка за правни лица
Кредитни трансфери извршени  преку интерен платен систем 10 денари по налог
Кредитни трансфери извршени  преку платен систем КИБС  23 денари по налог
Кредитни трансфери извршени  преку платен систем  МИПС 120 денари по налог
Обработка на збирен налог за извршување на кредитен трансфер на товар на платежна сметка на плаќач, а во полза на повеќе платежни сметки на примачи - ПП53
Кредитни трансфери извршени преку интерен платен систем 5 денари по налог
Кредитни трансфери извршени преку платен систем МИПС
- до 15:00 часот 70 денари
- по 15:00 часот 150 денари
Кредитни трансфери извршени преку платен систем КИБС 15 денари по налог

Месечен надоместок за користење на Интернет банка и мБанкаКо


- Месечен надоместок за преглед по платежна сметка на Интернет банка

50 денари по сметка

(освен во месецот во кој се затвора сметката)

- Месечен нaдоместок за преглед и плаќање по платежна сметка на Интернет банка

100 денари по сметка

(освен во месецот во кој се затвора сметката)

- Месечен надоместок за корисник на мБанкаКо

150 денари по сметка

(освен во месецот во кој се затвора сметката)

Општи услови и барања

Договори и општи услови

Барања