Која е разликата помеѓу дебитна и кредитна картичка?
Дебитната картичка е поврзана со платежна сметка во Банката и овозможува пристап до средствата од истата и тоа на сопствени средства на сметка зголемени за износот на одобреното пречекорување.
Кредитната картичка овозможува пристап до кредитен лимит кој е одобрен од средства на Банката.
Колку се безбедни моите пари на картичка и на што особено треба да внимавам?
Картичката од Комерцијална банка е безбеден начин да располагаш со своите пари. Комерцијална банка секогаш и дава приоритет токму на безбедноста. Следете ги советите за безбедно користење кои ќе ви помогнат при секојдневното користење на картичките.
Дали сум заштитен од страна на Банката кога користам картичка за плаќање преку интернет?
Со цел највисоко ниво на заштита при плаќање со картичките на интернет, Комерцијална банка има воведено 3DES Secure сиурносен стандард. Овој сигурносен протокол кај Mastercard каричките се применува под името Mastercard SecureCode®, додека кај Visa картичките е познат под името Visa Secure и воедно претставува највисок меѓународен стандард за заштита. За уште поголема заштита, Комерцијална банка има овозможено лимити за онлајн трансакции, кои согласно вашите потреби можете да ги менувате преку Интернет банка, мБанка, Контакт-центарот за картички или на шалтерите на Банката.
Како се добива кредитна картичка од Комерцијална банка АД Скопје?
Провери ги информациите за сите видови кредитни картички кои ги издава Банката и одбери ја картичката која најмногу одговара на твоите потреби.
За корисниците на Интернет банка, кои имаат опција за плаќање, овозможено е online аплицирање за кредитната картичка.
Клиентите кои не се корисници на Интернет банка, треба да пополнат барање и заедно со потребната дополнителна документација да го достават до една од нашите експозитури или филијали. Комерцијална банка ќе ве контактира доколку барањто е одобрено.
Колку време се чека за издавање на картичка?
Картичките се издаваат во рок од неколку дена од денот на поднесување на барањето. Доколку картичката Ви е потребна за пократок рок, можете да побарате итно издавање на картичка во рок од 24 часа.
Дали со картичките на Комерцијална банка можам да купувам преку Интернет?
Да, сите кредитни картички издадени од Комерцијална банка можат да се користат за плаќање преку Интернет со исклучок на СМАРТ кредитот преку кредитна картичка кој може да се користи единствено преку банкоматите на Банката и со безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на траснакциска сметка на клиентот во Банката.
Дали се наплатува провизија при купување или подигнување пари од банкомат / шалтер со картичка?
Банката наплатува провизија само за подигнување на готовина со картичка. Трансакциите во трговија се без провизија. Дополнително, провизија не се наплатува и за подигнување на готовина со дебитни картички од банкомати на Комерцијална банка.
Дали со картичките од Комерцијална банка можам да плаќам/подигнувам пари во стрaнство?
Да, сите картички за физички лица кои го издава Комерцијална банка, со исклучок на СМАРТ кредитот преку картичка, се користат и во земјата и во странство.
Која е разликата помеѓу картичките Mastercard и Visa?
Комерцијална банка, како член на двете најголеми меѓународни институции, издава повеќе видови картички од програмите на Мastercard и Visa. Проверете ги информациите за сите видови картички за физички лица кои ги издава Банката и одберете ја онаа која најмногу ви одговара на Вашите потреби и преференции.
Дали може една картичка да ја користат повеќе луѓе (на пример, членови на моето семејство)?
Картичката ја користи исклучиво лицето на чие име е издадена.
Доколку сакате вашите најблиски да имаат пристап до средствата од сметката на дебитната и/или кредитната картичка, за нив побарајте издавање на дополнителни картички.
Го заборавив ПИН кодот на картичката. Што треба да направам за да го добијам ПИН кодот?
Доколку го имате заборавено ПИН кодот ќе биде потребно лично да поднесете Барање за препечатување на нов ПИН код во некоја од експозитурите на Банката. Доколку не сте во можност лично да го направите тоа, ќе биде потребно да овластите друго лице присутно во Р.С.Македонија да поднесе Барање за нов ПИН код и да го подигне истиот наместо него.
Притоа потребно е:
- полномошно, кое може да се направи на овластен нотар во државата во која престојува, амбасада или конзуларно преставништво;
- во полномошното потребно е конкретно да биде наведено овластувањето кое ќе се додели (опис на конкретната активност која е потребно да ја изврши полномошникот);
- доколку полномошното е направено на овластен нотар, истото треба да биде преведено на кирилично писмо од страна на овластен судски преведувач. Овој вид полномошно потребно е да ги содржи следните елементи: печат од овластениот нотар, апостил печат, воден жиг;
Напомена: Банката не прифаќа полномошна постари од пет години.
Како можам да ги променам дневните лимити на картичките кои се автоматски поставени од страна на Банката?
Промената на дневните лимити можете да извршите на неколку начини, и тоа: на шалтерите на Банката, преку телефонскиот број за 24/7 поддршка на корисниците на картички 02/3 247-474 и самостојно, доколку сте корисник на услугата Интернет банка или мобилната апликација мБанка.
До кога е рокот на важност на картичката?
Рокот на важност на картичката е заклучно со последниот ден од месецот наведен на самата пластика. Банката автоматски ги обновува картичките во истиот месец кога картичката истекува при што испраќа известувања до клиентите после 20ти во истиот месец во кој истекува картичката преку неколку канали, и тоа: преку изводот за сметка достапен на шалтерите на Банката, преку Контакт центарот, преку нотификација на мБанка и преку СМС порака.
Ваша обврска е да имате доставено точни контакт податоци во Банката и доколку имате промена на истите да ги ажурирате соодветно во Банката или самостојно преку услугата Интернет банка или апликацијата мБанка.
Што треба да направам во случај ако ја изгубам картичката?
Доколку картичката Ви е изгубена или украдена, потребно е истото веднаш да го пријавите во Центарот за авторизација на Банката на тел. 02/3 247-474, кој е отворен за телефонски повици 24 часа во денот, седум дена во неделата, преку целата година. Вработениот во Центарот веднаш ќе ја блокира картичката со што ќе се спречи евентуална злоупотреба и ќе Ви даде понатамошни упатства како да извадите нова картичка. За да извадите нова картичка потребно е да се упатите во најблиската експозитура на Комерцијална банка и да поднесете барање за изготвување на нова картичка која претходно била изгубена или украдена за што Банката наплатува одреден надомест. Поради итноста на потребата за картичка која Ви била претходно изгубена, Банката ја изготвува картичката следниот работен ден при што можете да ја подигнете од соодветната експозитура.