Пракса
На почетокот од твојата кариера може да си обезбедиш знаење, искуство и професионални вештини за добар старт и успешен професионален развој. Комерцијална банка ти нуди можност за практична настава во модерна финансиска институција посветена на развој, иновации и успех.
Што добиваш од Комерцијална банка?
- Знаење и вештини од врвни професионалци,
- Искуство од прва рака, кое ќе те охрабри на стартот од твојата кариера,
- Потврда за пракса во банка со висока меѓународна и домашна репутација.
- Добар почеток за професионалниот дел во твоето CV.
Со праксата во Комерцијална банка ќе го усовршиш твојот талент, ќе ја прошириш твојата перспектива и ќе инвестираш во твојот развој.
Праксата во Комерцијална банка значи и извонредна можност да се запознаеме со твоите цели и амбиции и да те имаме во базата на потенцијални кандидати за вработување во Банката.
За пракса во Комерцијална банка ти треба:
- Барање, заверено од Факултетот,
- Мотивациско писмо.
Достави ги документите на praksa@kb.mk или по пошта до „Сектор за човечки ресурси и општи работи“, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр. 3, 1000 Скопје.i Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на твојата апликација за работа за потребите на Банката, согласен/на си твоите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Освен за наведениот случај, твоите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.
За повеќе информации контактирај нѐ на телефонските броеви: (02) 3168-463; (02) 3168-412.