Плаќање на рати
без камата

Купувај со задоволство и плаќај на рати без камата со твојата дебитна картичка.

Задоволи ги твоите потреби со плаќање на рати. Дебитните картички на Комерцијална банка се пријател на твојот месечен буџет затоа што ти овозможуваат плаќање на рати, без камата, и до 24 рати.

Едноставно е! Аплицирај за плаќање на рати и добиј можност за плаќање на 3, 6, 12 или 24 рати без камата на продажните места со кои Банката има склучено договор и без дополнителни трошоци.

Наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата

Банката може да одобри наменско дозволено пречекорување кое може да се користи само за плаќање на рати без камата со дебитна картичка, по поднесено барање од клиентот. Рокот на важност на кој се одобрува е до 12 месеци. Одобрениот износ е достапен само за плаќање на рати на ПОС терминали на Банката, кај трговци со кои Банката има склучено договор.

При купување на рати без камата со наменско дозволено пречекорување потребно е да го имаш целиот износ на трансацијата како слободен дел од одобрениот износ. Во тој момент веднаш се наплатува првата рата од расположливите средства на платежната сметка, а за збирот на преостанатите рати се намалува вкупното салдо од одобрениот износ за плаќање на рати.

Износот за ратата ќе се одзема еднаш месечно од расположливите средства на твојата платежна сметка во денари. 

Средствата од позитивното салдо или од дозволеното пречекорување на твојата платежна сметка ти остануваат на располагање при плаќање на рати без камата со наменското дозволено пречекорување.

Како до плаќање на рати без камата?

Пополни го краткото барање и достави го во најблиската експозитура или филијала на Банката.

Анализата се прави веднаш.

Барање за наменско дозволено пречекорување

Корисници

Вработени лица кои задолжително ја примаат својата плата на платежна сметка во денари во Комерцијална банка најмалку 12 месеци.

 

Критериуми за корисници

  • Слободниот дел од просечните месечни приливи по основ на плата да е повеќе од 18.000 денари;
  • Уредна кредитна историја во последните 12 месеци;
  • Максималниот износ кој може да се одобри по направена анализа по корисник не може да биде повисок од 180.000 денари и зависи од висината на месечни примања и слободниот дел од плата.

 

Одобрување

Се одобрува во најкраток можен рок по поднесување на документацијата со исполнети критериуми.

 

Трошоци за аплицирање

Без надомест.

 

Камата

На наменското дозволено пречекорување за плаќање на рати не се пресметува камата.

Начин на отплата

Отплатата се прави на 3, 6, 12 или 24 месечни рати. Бројот на ратите се одредува во секое продажно место поединечно.

Ратата достасува на датумот кога е направена трансакцијата.

 

Предвремена отплата

Без провизија за предвремена целосна отплата на преостанатиот износ.

 

Затворање на наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати

  • На барање на клиент или согласно Договорни услови.
  • Без надомест.

 

Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето.

Дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата

Доколку си корисник на редовно дозволено пречекорување, исто така имаш можност да плаќаш на 3, 6, 12 или 24 рати, без камата на ПОС терминали на Банката, кај трговци со кои Банката има склучено договор.

При купување на рати без камата со оваа опција, се резервира целосниот износ кој се плаќа од дозволеното пречекорување за кое Банката не наплаќа камата. Износот на резервирани средства се намалува за висина на месечната рата, се до исплаќање на последната рата.

Банката може да одобри дозволено пречекорување со определив или фиксен износ, во висина на не повеќе од две просечни плати, со рок на важност до 12 месеци.

Продажни места каде е овозможено плаќање на рати без камата

Напомена: Препорачуваме да се информирате детално на продажното место за условите под кои тие овозможуваат користење на услугата плаќање на рати со дебитна картичка. За сите продажни места, Банката нема ингеренции, ниту одговорност доколку трговецот со својата политика за пазарување не ја овозможи услугата за плаќање на рати без камата за време на промоции, попусти и намалени цени на производите, ниту пак доколку од страна на трговецот биде понудено нејзиното користење со одредена дополнителна провизија (која не се пресметува и не се наплатува од страна на Банката).