Платежна сметка во денари

Со отворањето платежна сметка во денари во Комерцијална банка АД Скопје, Вие како правен субјект добивате пристап до широк дијапазон на професионални финансиски услуги кои ќе Ви овозможат континуирано висококвалитетно работење.

Нашата банка посветува посебно внимание на работата со правните лица, постојано нудејќи можност за советување и професионална консултација, со цел клиентите да имаат постојана поддршка во секојдневното работење.

Со отворањето платежна сметка во денари во Банката, имате можност да ги користите следните финансиски услуги:

  • вршење на платежни трансакции засновани на кредитен трансфер (безготовински трансакции) и платежни трансакции во готовина;
  • уплата на готови пари од дневен пазар преку Cash in банкомати на Банката–без надомест до 31.03.2025 г.i  0,1% од износот на налогот. 
  • целосен преглед на Вашата финансиска состојба во секој момент;
  • доставување налози со идна валута на извршување;
  • дигитални известувања за промените и состојбата на вашите сметки;
  • работење со деловни картички;
  • 24-часовен пристап до Вашата сметка преку услугата Интернет банка;
  • пристап до услугите по најниски надоместоци.

Промотивно до 31.03.2025

Искористете го и промотивниот период до 31.03.2025 година, во кој можете на банкомат да вршите уплата на дневниот промет без надомест.

Комерцијална банка овозможи нова услуга со која сите правни лица кои поседуваат Visa Business Debit дебитна картичка може на банкомат да вршат уплата на готовина по основ на дневен промет. Банкоматите ги прифаќаат сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари, а средствата се евидентираат на основната платежна сметка во денари на правното лице - имател на картичката.

Оваа услуга е овозможена само на банкомати на Комерцијална банка.

Проверете ги локациите со банкомати на Комерцијална банка кои овозможуваат уплата на готовина.

Локации на банкомати

Отворање платежна сметка во денари за правни лица

За да отворите платежна сметка во денари за правни лица потребно е да ги пополните следните формулари:

Напомена: за физичките лица кои ќе се појават во својство на потписници на сметка, управител/и, основач/и или вистински сопственик, потребно е да се приложи следниот формулар:

Наведените формулари е потребно да ги доставите пополнети во Централата на Банката во Скопје во Одделението за отворање и одржување на платежни сметки за правни лица или во една од нашите филијали и експозитури со шалтери наменети за работа со правни лица секој работен ден од понеделник до петок, во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Промени кај платежна сметка за правни лица

За да пријавите статусна промена на правниот субјект (промена на управител, промена на назив и сл.), покрај достава на неопходната документација за одредена статусна промена, потребно е да го пополните и следниот формулар:

Во тековното работење со Вашата сметка ќе Ви бидат потребни следните формулари:

Надоместоци

Проверете ја тарифата на надоместоци за платежна сметка во денари за правни лица на следниот линк:

Платежни услуги во земјата

Повеќе

Контакт

Одделение за отворање и одржување на платежни сметки


Телефон: (02) 3168–968
e-пошта: firmismetki@kb.mk

Горан Миновски

Раководител на Одделението за отворање и одржување на платежни сметки
Телефон: (02) 3168–905
e-пошта: Goran.Minovski@kb.mk

Горан Јакимовски

Самостоен координатор за платежни услуги и надворешно трговски системи
Телефон: (02) 3168-907
e-пошта: Goran.Jakimovski@kb.mk