Кредитна линија за кредитирање на развој, поддршка за извоз и набавка на трајни обртни средства на МСП преку РБСМ

Кредитите од кредитната линија на РБСМ за кредитирање на развојот на микро, мали и средни претпријатија, поддршка на извозот и за трајни обртни средства се наменети за сите микро, мали и средни претпријатија од производниот и производно-услужниот сектор.

Се одобруваат следните видови кредити:

  • Кредити за развој на микро, мали и средни претпријатија (МСП),
  • Кредити за поддршка на извозот (ПИА),
  • Кредити за трајни обртни средства (ТОС).

Зошто оваа кредитна линија?

  • Одлична кредитна поддршка за микро, мали и средни трговски друштва
  • Максимален износ до 500.000 евра
  • Рок на отплата до 11 години
  • Можност за грејс период до 1 години
  • Индивидуален пристап за секој клиент

За кого е наменета оваа кредитна линија?

Сите микро, мали и средни друштва кои не надминуваат 250 вработени, со сопствено учество од најмалку 15% од вредноста на проектот.

Проекти кои не се финансираат се:

  • извоз на оружје,
  • игри на среќа и хазадерство,
  • активности кои имаат влијание на екологијата и кои не ги задоволуваат прописите за зачувување на животната средина,
  • извоз на диви животни или клонирани животни,
  • трговија со штетен радиоактивен отпад,
  • проекти кои вклучуваат експлоатациски форми на принудна работа и злоупотреба на деца,
  • проекти во заштитени зони и региони од научен интерес,
  • активности забранети од меѓународни конвенции кои се однесуваат на заштита на биолошки извори или културно наследство.

Кредити за развој на микро, мали и средни претпријатија (МСП)

Намена на кредитот

   

Купување материјални средства:

  • набавка на основни средства, недвижности и земјиште за изградба на деловен објект, опрема, (минимум 50% од вредноста на кредитот),
  • набавка на обртни средства (максимум 50% од вредноста на кредитот).

Инвестиции во нематеријални средства

  • развој, планирање и финансирање во фаза на конструкција, како и трошоци за плати и останато поврзано со фазата на истражување и развој.

Валута на кредит

  • во МКД со девизна клаузула или
  • во ЕУР.

Износ на кредит

  • од 10.000 евра до 500.000 евра.

Рок на отплата

  • до 11 години.

Грејс период

  • до 1 година

Начин на отплата

  • квартална.

Каматна стапка

  • 6,5% годишно за кредити одобрени во денари со девизна клаузула,
  • тримесечен ЕУРИБОР + 3,75% годишно, променлива за кредити одобрени во евра.

Провизии

  • 1% од износот на кредитот, еднократно пред користење на кредитот.

Кредити за поддршка на извозот (ПИА)

Намена на кредитот

  • Набавка на обртни средства за подготовка на производство наменето за извоз и за набавка на обртни средства по извршен извоз.

Валута на кредит

  • во МКД со девизна клаузула или
  • во ЕУР.

Износ на кредит

  • од 15.000 евра до 2.000.000 евра.

Рок на отплата

  • до 2 години.

Грејс период

  • до 6 месеци.

Начин на отплата

  • квартална.

Каматна стапка

  • 6,5% годишно за кредити одобрени во денари со девизна клаузула,
  • тримесечен ЕУРИБОР + 3,75% годишно, променлива за кредити одобрени во евра.

Провизии

  • 1% од износот на кредитот, еднократно пред користење на кредитот.

Кредити за трајни обртни средства (ТОС)

Намена на кредитот

  • Набавка на обртни средства

Валута на кредит

  • во МКД со девизна клаузула или
  • во ЕУР.

Износ на кредит

  • од 15.000 евра до 300.000 евра.

Рок на отплата

  • до 3 години.

Начин на отплата

  • квартална.

Каматна стапка

  • 6,0% годишно за кредити одобрени во денари со девизна клаузула,
  • тримесечен ЕУРИБОР + 3,75% годишно, променлива за кредити одобрени во евра.

Провизии

  • 1% од износот на кредитот, еднократно пред користење на кредитот.

Обезбедување

За обезбедување на кредитот се користат вообичаени инструменти за обезбедување согласно кредитната политика на Банката (хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, меници и др.).

Одобрување

По поднесување на барањето за кредит, Банката прави формален преглед дали е документацијата комплетна. Доколку е документацијата комплетна, барањето се обработува, при што се оценува бонитетот на барателот и планираната зделка за која се наменети средствата.

   

Информациите за комитентот, подносител на барањето за кредит, Банката ги обезбедува од самиот комитент и од сопствени извори.

 

Комитентот е информиран, во разумен рок, со известување дали бараниот кредит е одобрен или не.

Рок на користење

Во рок од 3 месеци од датумот на првото дозначување на средствата.

Провизија за предвремено враќање на кредитот

    • 0,125% од износот којшто се враќа пред рокот на достасување.
  • Барањето за кредит треба да ги содржи следните елементи:
    • Полн назив на претпријатието;
    • Адреса на претпријатието;
    • Основачи и органи на управување;
    • Доколку основачите се основачи во други друштва, да се наведат друштвата и процентот на учество во капиталот на друштвото;
    • Управување во други друштва;
    • Шифра на дејност;
    • Матичен број;
    • Број на жиро-сметка/сметки;
    • Деловна банка/банки;
    • Намена и износ на бараниот кредит со образложение;
    • Основна дејност;
    • Организациона поставеност;
    • Број на вработени и квалификациона структура;
    • Техничко-технолошка опременост и искористеност на капацитетите;
    • Асортиман на производство прикажан во физички и во вредносен обем;
    • Склучени договори за работа;
    • Спецификација на поголеми купувачи и добавувачи;
    • Извештај за состојбата на залихите;
    • Задолженост во други банки и финансиски организации;
    • Преземени идни обврски (акредитиви, гаранции и сл.);
    • Опис на понуденото обезбедување;
    • Извори на отплата (CASH FLOW);
    • Склучени извозни договори и очекувани девизни приливи по извршен извоз;
    • План на девизни приливи и одливи.


За долгорочните кредити е потребно доставување инвестициона програма со финансиски предвидувања за периодот на отплата на кредитот.

  • Копии од решението за регистрација на друштвото, со сите прилозиi само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка. 
  • Картон за депонирани потписи заверени од матичната банка,i само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка. 
  • Известување за претежна дејност на друштвото,i само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка. 
  • Промет на денарски и девизни сметки на комитентот во други банки,
  • Завршни сметки за последните 2 години и периодична пресметка (за потребите на Банката),
  • Девизен биланс – структура на побарувања и обврски од странство прикажани по валути и рокови на доспевање за наплата, односно плаќање,
  • Ревизорски извештаи за друштва кои се законски обврзани да изготвуваат вакви извештаи,
  • Список на целокупниот имот со кој располага барателот на кредит (недвижен и подвижен), потпишан од барателот,
  • Доказ за сопственост на понуденото обезбедување:
    • Имотен лист за недвижен имот,
    • Фактури, УЦД за залог на подвижен имот.

Контакт

Телефон: (02) 3168-574; (02) 3168-575

e-пошта: corporatecredit@kb.mk